Прекрасната кралица повторно НЕ можеше да им одолее на панталоните што ги обожаваат и најпознатите светски трендсетерки
Кралицата Летиција ги угости во својата резиденција, палатата Зарзуела, членовите на здружението за превенција, реинтеграција и грижа за проституираните жени (АПРАМП) а со своето елегантно издание повторно го привлече вниманието на целиот свет.
Имено шпанската кралица отсекогаш важела за модна икона и една од најдобро облечените дами на кралскиот двор, а нејзините комбинации редовно ги исполнуваат страните на познатите модни магазини. Тоа беше така и овој пат кога 45 годишната кралица ги пленеше погледите со едноставно, но крајно елегантно и женствено издание.
Таа за оваа пригода избра бела сатенска блуза без ракави и крајно елегантни „palazzo“ панталони со копчиња по целата бочна должина кои се со потписот на италијанската модна куќа „Hugo Bossa“. Панталоните со копчиња се популарни во последниве неколку сезони, особено оние кои потсетуваат на тренерки, а овој тренд пред само неколку дена го фураше и првата дама на Америка, Меланија Трамп.
Комбинацијата кралицата Летиција ја заокружи со црно-бели шпиц салонки со високи потпетици од „Magrit“ и обетки со потписот на „TOUS Jewelry“.