Димче ја воодушеви публиката со новата фотографија.
За младиот, но ултра амбициозен политичар, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, може да се каже дека е еден од најзгодните политичари во Македонија.
ФОТО: Фејсбук / Димче Арсовски
Пред три години, Димче кој важеше за најпосакуван ерген меѓу политичарите, заплови во брачните води со струмичанката Соња Тодорова.
Димче не сака да споделува многу детали за својот приватен живот на социјлните мрежи, но не крие дека ужива да го поминува времето со најсаканите.
ФОТО: Фејсбук / Димче Арсовски
Она што најтешко паѓа на неговото семејство вели е тоа дека поради оврските околу работата најчесто не е дома, па обично не присуствува на семејните ручеци, но сите од семејството се трудат да се прилагодат на неговото работно време и му пружаат поддршка во се.
Во 2021 година Димче и Соња добија најубави животни улоги – мама и тато.
Како плод на нивната љубов се роди нивниот син Давид.
ФОТО: Фејсбук / Димче Арсовски
Димче ужива во татковството, а тоа се гледа на заедничките фотографии со синот.
Давид годинава наполни 3 години, а мама и тато му организираа интересна роденденска прослава.
ФОТО: Фејсбук / Димче Арсовски
Димче сподели фотографија од роденденот, а во опис напиша:
„Среќен 3 роденден, сине Давиде“.