„Пред се поради дечињата време е да ставам крај“. Елена Велевска се разведува поради семејно насилство што го трпела со години?

Елена Велевска се разведува од својот сопруг

Оваа вест одекна како гром од ведро небо во нашите медиуми. По цели 10 години брак таа се разведува од својот сопруг Марјан со кого има три деца, Калија, Софија и Марко. Информацијата ја потврди и самата Елена која на нејзиниот профил на социјалните мрежи напиша дека се разведува поради семејно насилство што го трпела со години.

ADVERTISEMENT

Еве што напиша таа:

„ Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. 

Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај. 

Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…
Животот за нас оди понатаму.

Ви благодарам на разбирањето и поддршката.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed