Пред неколку години ја напушти Македонија и се пресели во Австралија – еве како изгледа нејзиниот живот сега
Пејачката се пресели заедно со семејството
Таа имаше долга и богата музичка кариера во Македонија, пред да одлучи да ја напушти земјата и да замине во Австралија
Но таа и далеку од дома не се откажа од музиката, па уште откако се пресели продолжи да го прави она што најдобро го знае.
А тоа секако е музиката, односно добрата македонска песна со која оваа пејачка другарува од најраното детство.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Во прашање е пејачката Татјана Лазаревска која во земјата на кенгурите се пресели заедно со сопругот Новица Василевски.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Татјана и Новица се во брак 20 години, а плод на нивната голема љубов се нивните две деца Стефан и Петар.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
„Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите.“
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
„По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна“, изјави популарната фолк-пејачка Лазаревска во една пригода.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Тие денес живеат во Мелбурн која сега е нивниот рај и во која многу често доаѓаат нивни колеги од Македонија.
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
А како изгледа сега ова нејзино парче од рајот на пејачката што го испеа хитот „Аце, Аце“, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Инаку, пејачката во текот на својата кариера често го менувала имиџот, а како изгледа денес кога е на сцената, и тоа со илјадници километри далеку од татковината, погледнете во продолжение…