Пред малку се огласи пратеникот Коциќ и откри за колку ќе се покачи пензијата – Ова никој не го очекуваше!

„Буџетот ги исполнува целите за кои е направен, а тоа е обезбедување на економска, фискална и макроекономска и монетарна стабилност на државата.
Потоа ја исполнува целта за зголемени плати за работниците во администрацијата, во образование, во здравството и во целиот јавен сектор“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.
Тој додаде дека Буџетот предвидува поддршка и за компаниите во инвестиции, инвестиции во инфраструктурата, но и антикризни мерки.

Премиерот додаде дека ќе продолжи субвенционирањето на цената на електричната енергија, а со антикризните мерки кои во моментов се подготвуваат ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани.
„Наредната година ќе имаме минимална плата која што ќе биде во висина од 22,500 денари, што историски е највисоко ниво, ќе имаме најниско ниво на неработност во државата, во моментот имаме 13,1 % на невработеност, последниот податок кој што беше пред почетокот на ова нова влада која беше 24%, што е огромно намалување на невработеност, имаме зголемување на вработеноста а наредната година се очекува 2% намалување на неработеноста“ рече Ковачевски.

Се подготвуваат нови антикризни мерки со таргетиран пристап, ќе се зголемат платите и пензиите според предвиденото во колективните договори, ќе продолжат поддршката за компаниите, грижата за стандардот на граѓаните и капиталните инвестиции, најави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
-Во антикризните мерки коишто во моментов се подготвуваат што наскоро ќе бидат презентирани, ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани, меѓутоа ќе бидат опфатени и пензионери кои примат пензија до ниво на минимална плата.

Минималната плата постојано расте, наредната година ќе имаме минимална плата којашто ќе биде во висина од 22.500 денари, што историски е највисоко ниво, изјави премиерот Ковачевски во интервјуто за Канал 5 ТВ, соопшти владината прес – служба.
Тој посочи дека до крајот на ова година во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година се предвидени дополнително 55 милиони евра за антикризни мерки, тука пред се, вели тој, се мисли на продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија.

Пред малку пратеникот на владејачката СДСМ, Ненад Коциќ на својот фејсбук профил напиша
Минимална пензија 21.500 денари???
Ова е над очекувањата на пензионерите!!!





