Пред малку се огласи министерот Бектеши и соопшти убави вести за граѓаните!

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.
– Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари.
Сепак, вреди да се напомене дека расте и минималната потрошувачка кошница. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46.198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.
За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто.

Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.
Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари




