Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна пред осум дена во Бањско поле кај Бор.
Полицијата постојано ја чешла секоја педа од местото каде што последен пат е видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое детето наводно исчезнало.
Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка, за Нова.рс открива колку е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад се.
Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни гласини за неа.
„Се држиме колку што можеме, само што побрзо да ја најдеме Данка. Чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и сопругот ќе се огласиме јавно, и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се експонираме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи не мене и мојот сопруг“, вели депресивна Ивана.
Ивана открива што се крие зад пишувањата на некои таблоиди, дека е откриено дека вештачењето на нејзиниот телефон ги пребарало граничните премини со Романија, но и до кој степен таа може кривично да одговара.
„Телефонот беше на вештачење, само ќе кажам. Ако е така, јас не би била мајка која го бара моето дете, мојот статус би бил поинаков. Сакам само Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за се“, вели Ивана за Нова.рс.