Пред две и пол години се породи, а денес изгледа како тинејџерка – нашата водителка во ова издание ќе ве освои на прв поглед
Нашата позната и убава водителка Милена Антовска Станковска во последно време изгледа сé подобро и подобро.
Таа на својот профил на социјалните мрежи редовно објавува фотографии со кои ги воодушевува своите бројни фанови.
Милена се пород во август 2017, а на својата ќерка и го даде името Лана Марија. Таа за брзо време се врати во форма, а од нејзините Инстаграм фотографии можеме да видиме дека изгледа подобро од кога било досега.
Ова дефинитивно е едно од најубавите изданија во кои сме ја виделе досега – фустан составен од плисирано здолниште и горен дел на преклоп со долги, широки ракави.
Инаку, Милена ужива во мајчинството и секој слободен момент го користи да биде со својата наследничка. Таа во интервју за Гламур магазин во една пригода изјави дека да се биде мајка е нешто најпрекрасно на свет. „Никогаш не си велам дека е тешко што ја имам оваа привилегија. Напротив, секојдневно му велам благодарам на Бога што ми ја даде оваа шанса, оваа можност, да станам мајка на мојата Лана Марија. Ништо не ме направила посреќна од тоа“.
Погледнете уште неколку фотографии од шармантната водителка кои можат да ви послужат како инспирација, а интервјуто со неа можете да го ѕирнете тука.