Реклама
Вирално

Предизвик кој ги крена на нозе старците: 103 – годишна баба пешачи за да собере пари

Реклама

Жена на возраст од 103 години се движи горе долу по ридот во близина на домот за старци каде живее за да поттикне донации за Бритиш Харт Фондацијата.

Не се предава, Џоан Вилет на 103 години секој ден пешачи по ридот, нагоре и надолу

Инспирирана од капетанот Том Мур, Џоан Вилет има намера да испешачи 27 километри до својот роденден на 19 јули.

Џоан Вилет е поранешна учителка од Хејстингс, Источен Сасекс, која имаше операција за трансплантација на срцевиот залисток после вториот срцев удар на 82. години.

Маркетинг
Имала тешка операција на срцето на 82 година која и го продолжи животот

Оттогаш таа редовно се движи по ридот за да остане во форма.

„Јас сум многу благодарна на Бритиш Харт фондација и нивното истражување кое ги овозможува операциите како мојата“, вели Џоан и додава:

Маркетинг
Џоан за 48 часа собра 500 фунти

„Немаше да го преживеам ако не ми помогнеа тие со оглед на годините што ги имам“.

Таа исто така им се заблагодарува на персоналот од домот за старци Олд Хејстингс за нивната грижа и што ја поттикнувале да си ја врати својата самостојност.

Капетан Том Мур прв го почна предизвикот со пешачење за донации

„Моето достигнување е исто така и нивен успех и така постојано им велам на пријателите“.

Таа собра 500 фунти за 48 часа преку платформата JustGiving.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button