Првa фотографија од бебето – Гиговска ги разнежни обожавателите со фотки од болницата
Пејачката го покажа своето бебе

Младата македонска пејачка објави прва фотка од новороденото бебе
Македонската пејачка Антониа Гиговска се оствари во улога на мајка и ја објави првата фотографија од бебето.
Откако нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски сподели дека неговата сакана се породила, сега се огласи и самата таа.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Новопечената мама се огласи преку социјалните мрежи, а фотографиите што ги објави никого не оставија рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, пејачката ја објави првата фотографија од бебенцето на кого таа и нејзиниот партнер му го дадоа името Киан.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Вчера, во 12.05 попладне, ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш“, напиша Гиговска и го додаде и следново:
„Ти си мојот крал, мојот Зузу, мојот малечок, мојот син, те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам“, напиша пејачката од фотографиите, а потоа им се заблагодари на докторот и екипата од приватната клиника во која што се породи како што вели самата, „без влакно да им фали“.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инаку, вчера прв се огласи партнерот на Гиговска, Роберт, кој на Фејсбук ја соопшти среќната вест дека станал татко.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
„Станав татко. Фала ти Господе за оваа среќа“, напиша гордиот татко и ги израдува своите пријатели и следачи на оваа социјална мрежа.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Набргу потоа на Фејсбук се огласи и таткото на Роберт, македонскиот пејач Боби Спасенцовски, кој напиша:
„Велат Стеблото од Лозата многу го сакаш пошто ти си го посадил и е само твое, ама кога ќе роди стеблото и ќе добиеш плод уште повеќе си среќен. Така и јас денес сум многу среќен. Денес добив внук, станав дедо“, напиша Боби и под пораката доби голем број лајкови и честитки.