Прво опуштено издание на Меган Маркл – принцезата во одлична летна комбинација за која не мора да потрошите цело богатство
По фустанот од Прада што го носеше пред неколку дена на приемот во Бакингемската палата, Меган Маркл повторно ги воодушеви сите со своето беспрекорно, но овој пат многу поопуштено издание.
Овој пат во прашање е дол фустан без ракави со интересен бело-сив пепито дезен кој го носеше со бел шешир и кожни рамни сандали од Сара Флинт.
Иако е совршена реклама за бројни дизајнери, Меган и Хари досега самите го финансираа нејзиниот импресивен плакар. Но според Кејти Никол, познавач на животот на претставниците на кралското семејство, откако Меган стана дел од дворот секое нејзино појавување во јавноста преставува презентација на британската монархија, па затоа обврска е на кралското семејство, односно на принцот Чарлс, да ја плаќа меѓу друго и нејзината облека.
Како и да е Меган досега покажа дека има беспрекорен стил и да знае да комбинира и тоа не само скапи дизајнерски парчиња, туку и модели кои се со многу попристапни или барем средни цени.