Прво огласување на Анастасија по големата трагедија – насмевката ѝ се врати, со него е пресреќна!
Младата пејачка блескаше во синиот комплет, конечно насмевка на нејзиното лице
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija.jpg)
Младата пејачка им се врати на социјалните мрежи
Профилот на Инстаграм на пејачката Анастасија Ражнатовиќ речиси цел месец беше недостапен за фановите.
Откако и се случи спонтаниот абортус и го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста, таа се повлече од социјалните мрежи.
Тогаш тажната вест ја соопшти нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, а Анастасија дури сега прв пат се огласи.
![](/wp-content/uploads/2023/05/anastasija-1.jpg)
Пејачката по цели 27 денови поминати во илегала објави неколку фотографии и снимки и ги израдува своите фанови.
![](/wp-content/uploads/2023/05/anastasija16.jpg)
Таа најпрво објави неколку „сториња“ посветени на нејзиниот Немања, а потоа следуваше и една нејзина снимка.
Анастасија позираше во син комплет, со минимална шминка на лицето, додека се вози во автомобилот.
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija11.jpg)
Но она што сите го забележаа е дека и се вратила насмевката на лицето со што пејачката ги израдува најмногу оние што беа загрижени за неа.
Како пејачката изгледаше во ова свое издание, но и едно од првите нејзини појавувања во јавност, погледнете ги во продолжение:
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija3-3.jpg)
„Преубава си“, „Блескаш“, „Ни недостигаше многу“, беа само некои од коментарите што ги доби од своите верни фанови.
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija4-3.jpg)
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija5-1.jpg)
Потсетуваме, Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна се врати од Севиља во Белград.
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija7-2.jpg)
Таа откако го изгуби своето бебе во петтиот месец од бременоста реши да се врати кај своето семејство.
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija8-1.jpg)
Нејзината мајка заради тоа одлучи да не прави голема прослава за јубиларниот 50-ти роденден, па го прослави во кругот на семејството во нивната семејна куќа во Белград.
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija1-4.jpg)
По трагедијата што и се случи, Анастасија го изгаси својот Инстаграм профил, а сега прв пат се огласи и тоа со објава со која му ги честиташе бројните успеси на својот партнер, фудбалерот Немања Гудељ.
![](/wp-content/uploads/2023/06/anastasija2-4.jpg)
„Ти честитам, љубов моја! Денес се случи еден од многуте убави моменти од нашиот заеднички живот. И за многу што треба да дојдат. Ако некој ова го заслужи, тоа си ти. Те сакам, буби“, напиша Анастасија под објавата со која ги изненади сите на социјалните мрежи.