Прво Каролина, па сега и Карлеуша – Ким Кардашијан „краде“ од НАЈПОПУЛАРНИТЕ балкански пејачки, гори Инстаграм
Јелена Карлеуша преку социјалните мрежи ја обвини Ким Кардашијан дека повторно ја копира.
Една од најголемите ѕвезди на Балканот објави фотографија од своја креација за која тврди дека Ким ја „позајмила“ од неа, па го напиша следново на својот профил.
„Ок, ова навистина не е фер! Ова е моја лична креација. Знаеш дека те сакам, ама… Барем ми дај некои заслуги или прашај ме да работам со тебе“, напиша популарната пејачка и додаде:
„Да, многу пати јас лично ја дизајнирам облеката за моите настапи, а многу светски личности крадат се што ќе направам без да ме прашаат… Не знам зошто, но оваа планета е едно големо село. Па зарем не можете да прашате? Ќе го направам тоа за вас! Напиша Карлеуша“ и ја „означи“ Ким Кардашијан. Коментарот беше објавен под фотографија на која Карлеуша е во син костум на нејзин настап, кој е речиси идентичен со беж комбинезонот што го носи Кардашијан.
Во прашање е костум што Јелена го носеше на својот настап во октомври 2020 година, а по објавата пејачката доби голема поддршка од фановите.
Инаку, и самата Ким Кардашијан пред неколку години на својот блог зборуваше за стилот на Јелена Карлеуша.
„Прв пат слушнав за неа кога луѓето споредија некои од нашите изгледи – некои зборуваа дека ја копирам. Секако, морав веднаш тоа да го видам. Навистина е феноменална. Некои од нејзините комбинации навистина изгледаат како мои – го обожавам нејзиниот храбар стилски израз! И двете сме потполно глам! Ми изгледа како моќна жена која многу работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам“ – напиша Ким за Јелена на својот блог „Woman Crush Wednesday“. Сепак, таа на крај покажа големо непочитување кон неа.
По овие прозивки на социјалните мрежи, се огласи и познатиот дизајнер кој тврди дека го дизајнирал ова парче и дека костумот што Јелена го носела во октомври и кој самата го дизајнирала, е негова идеја.
Но Карлеуша секако дека реагираше и на неговиот коментар и му одговори преку Инстаграм.
„ОК, виновен е дизајнерот! (тој има нешто слично, но не и идентично. И вели дека тоа го направил пред пет месеци? Океј, јас можам да кажам дека тоа го направив пред три години, затоа дислајк.) Многу славни личности и дизајнери буквално го крадат сето она што го правам и тоа без дозвола. Ќе направам модна линија така што ќе имате на кого да му верувате“ пишува Карлеуша на социјалните мрежи.
Инаку, и во македонските медиуми пред неколку недели можевме да прочитаме како најпознатата cтapлета на светот го украла стајлингот на една од нашите најпознати пејачки. Во прашање е фамозната креација со потписот на нашиот познат моден креатор Александар Ношпал со кој пејачката Каролина Гочева настапи на Евровизија во 2002 година – фустан со златен корсет со мускули во горниот дел, додека здолништето беше направено од црвен тул.
Речиси две децении подоцна, Ким Кардашијан позираше во сличен корсет по повод католичкиот Божиќ.
Еве како изгледаше Ким Кардашијан во корсетот кој навистина многу потсетува на она што пред 18 години на евровизиската сцена го носеше Каролина.
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан
Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан