Првородените деца се попаметни од своите братчиња и сестри, велат истражувањата

ADVERTISEMENT

Ако не сте најстарото дете во вашето семејство, тогаш подгответе се за лоши вести.

Имено, едно истражување спроведено од експерти од Универзитетот во Сиднеј и Единбург покажа дека првородените деца имаат поголем коефициент на интелигенција и способности за подобро размислување отколку нивните помлади браќа и сестри.

ADVERTISEMENT

Научниците велат дека првите знаци дека тоа е точно можат да се забележат уште на возраст од една година, а веруваат дека тоа е резултат на поголема ментална стимулација и внимание кое првородените деца ги добиваат од своите родители во однос на нивните браќа и сестри.

Истражувањата исто така покажаа дека сите деца добиваат иста количина на емоционална поддршка и љубов од нивните родители. Меѓутоа, повеќе време родителите трошат еден на еден со првороденчето, отколку со второто дете.

Истражувањето ги следеше податоците за 5.000 деца, а заклучокот е дека првородените деца постигнале повеќе поени во различни тестови, што подоцна доведува до подобри работни места и повисоки плати.

ADVERTISEMENT

„Нашите наоди сугерираат дека промените во однесувањето и односот на родителите со децата се одразуваат на разликите во образованието и постигнувањата на пазарот на трудот”, вели д-р Ана Нуево-Чикеро од Универзитетот во Единбург.

Но постои и лоша страна ако сте најстаро дете во семејството. Имено, според едно друго истражување пак, произлегува дека првородените девојчиња се дебелеат повеќе од своите помлади сестри. Студијата следеше 13.000 парови сестри на возраст од 20 години и утврди дека постарите сестри имаат многу повисоки шанси да бидат подебели и 29 отсто повеќе шанси да имаат прекумерна тежина од помладите сестри.

Facebook Comments
(Visited 1.922 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT