Реклама
Новости

Први фотографии од свадбата на познатата Албанка што го запроси момчето – венчавка како од соништата

Пејачката никогаш не изгледала поубаво

Реклама

Познатата пејачка ги објави првите фотографии од свадбата по година дена откако се омажи за режисерот

Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, и 15 години постариот режисер Таика Ваитити направија интимна венчавка.

Тие се запознаа во 2о18 година, а нивната врска започна во 2021 година додека и двајцата снимаа во Австралија.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Пејачката со потекло од Косово претходно беше во врска со Бруно Марс, Еднру Ват и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со потекло од Нов Зеланд беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли  од 2011 до 2018 година. Тој од овој брак има две ќерки, Матева Киритапу и Те Хинехаку.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Венчавката се случи минатата година, во тајност, во друштво на најблиските роднини и пријатели на познатиот пар.

Фото: Инстаграм

Познатата пејачка дури сега откри неколку детали од свадбената церемонија и дека носела дури три венчаници.

Фото: Инстаграм

По повод одбележување на нивната прва годишнина Рита Ора откри дека таа го запросила својот сопруг Таика.

Фото: Инстаграм

Тие свадбата ја испланирале за само две недели откако Рита му го поставила „тоа“ прашање за време на нивно патување во Палм Спрингс.

Фото: Инстаграм

Познатата пејачка носеше бајковита венчаница, а потоа уште два фасцинантни бели фустани што оставаат без здив.

Фото: Инстаграм

Првите фотографии од венчавката ги сподели Вог, а Рита откри дека трите различни стајлинзи се од британскиот дизајнер Том Форд.

Тие се заколнале на вечна љубов во Лос Анџелес, што може да се види и од фотографиите што „испливаа“ на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Ме запроси, а јас веднаш кажав да, откри Ваитити и додаде дека на венчавката имало само осум луѓе – снајблиските пријатели и семејството, додека родителите настанот го следеле на Зум.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button