Реклама
Наши ѕвезди

Први фотки од интимната венчавка на Кајмакоски – новата љубов е ВИСТИНСКА УБАВИЦА, емотивната порака сé кажува!

Реклама

Македонскиот поп пејач Даниел Кајмакоски кој својата кариера ја гради во Белград деновиве објави среќни вести.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Кајмакоски кој три години беше во брак со 13 години помладата манекенка Кристина Димитријевска сега на својот профил на социјалните мрежи објави дека повторно застанал на лудиот камен и ги изненади сите..

Тој сподели и неколку фотографии од венчавката во општината, а за својата избраничка напиша емотивна порака.

Маркетинг

„Те сакам, не само заради она што си, туку и заради она што сум јас кога сум со тебе“, напиша Даниел во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Инаку, Кајмакоски по разводот од својата поранешна сопруга еден период се повлече од медиумите, како во Македонија, така и во Србија, а во една пригода и самиот ја откри причината што стои зад таквата негова одлука.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

„Да, навистина, тоа беше свесно повлекување од медиумите. Живеам во Белград од 2019 година, секако и порано живеев, но исто така еден период бев во Македонија. Таму се оженив, добив дете и се разделивме. Сé на брзина односно на модерен начин“, изјави Кајмакоски тогаш.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Пејачот тогаш додаде дека се повлекол од медиумите за да има повеќе време за семејството, надевајќи се дека можеби ќе почне да функционира. Но, како што самиот вели, и покрај тоа што дал се од себе, не успеал да го спаси бракот од кој во февруари 2017 година го доби синот Давид.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Даниел и 13 години помладата Кристина беа во брак три години, а по разводот нивниот син Давид остана да живее со мајка му.

Кајмакоски се прослави со победата во „Икс фактор“ во 2014 година, по што ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

По потекло е од струшкото село Мислешево, а на седумгодишна возраст заминува со семејството да живее во Виена.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

По победата во „Икс фактор“ се враќа во Македонија, а денес заедно со својата партнерка живее во Белград.

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/ Даниел Кајмакоски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button