Првите комшивки отворено за Северина и нејзиниот однос кон детето – ќе ви се насолзат очите
Некои пуштија и солзи додека зборуваа со новинарите
Хрватската пејачка Северина Којиќ го изгуби старателството над својот син Александар што го доби од бракот со бизнисменот Милан Поповиќ.
Но таа не се откажува и покрај одлуката на судот и ќе се бори за старателството заедно со својот сегашен сопруг Игор Којиќ.
Таа поддршка има од своето цело семејство, како и од семејството на нејзиниот сопруг, пејачот Драган Којиќ Кеба и неговата сопруга Оља.
Комшиите кои што живеат во нивна близина во Белград со воодушевување зборуваат за хрватската пејачка.
„Ја обожавам. Таа природна, насмеана и се гледаше дека е среќна со синот. Трчаше по малиот низ тревата, се гонеа со топката, беше прекрасно да ги гледате. Малиот постојано се смееше, а мене се уште не ми е јасно како нејзиниот поранешен партнер можеше да и го одземе детето. Јас сум и мајка и баба и знам дека на детето местото му е покрај мајката“, изјави една комшивка на Кеба пред новинарите.
Комшиите за Северина имаат само убави зборови.
„Ја следиме кариерата на Северина, уште од порано, но кога се омажи за малиот Кеба ме воодушеви. Тогаш видов дека нема предрасуди и дека нивната љубов нема ограничувања. Ја видов само еднаш во маалото и веднаш и побарав автограм. Немав кај мене мобилен за да се сликаме, а таа беше многу љубезна. На крај ме гушна, моето срце беше полно заради тоа“.
„На нејзиното лице се гледаше само добрина, немам сила да коментирам тоа што и го одземаа детето, веднаш се расплакувам“, вели таа.