Прва фотографија од Кејт Мидлтон и малиот принц – војвотката ја напушти болницата во издание со кое ги воодушеви сите!
Кејт ја напушти болицата …
Војвотката од Кембриџ заедно со својот сопруг ја напушти болницата во која што се породи. Таа на првото официјално претставување на малиот принц носеше црвено бела облека исто како што тоа го направи и принцезата Дајана во 1984 година кога породилиштето го напушти со принцот Хари. Облеката што ја носеше денес Кејт многу потсетува на онаа што тогаш ја носеше принцезата Дајана која загина трагично во 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.
Кејт со оваа комбинација уште еднаш и укажа чест на покојната мајка на својот сопруг, а тоа го направи и во 2015 кога заедно со Вилијам реши нивната ќерка да се вика Шарлот Елизабет Дајана, но и со одлуката со местото за раѓање на своите деца да ја продолжи традицијата што пред 40-тина година ја започна Дајана и покрај дотогашната практика кралските деца да се раѓаат во Бекингемската палата.