Прва фотографија од Данијела Мартиновиќ и новото момче: Со него ја преболе дводецениската љубов кон Грашо! (ФОТО)
Конечно е среќна и исполнета...
Откако на почетокот на март ѝ откри на јавноста дека има ново момче, финансискиот инспектор Јосип Плавиќ, Данијела Мартиновиќ не објави ниту една фотографија со него.
Меѓутоа, со оглед на тоа што пејачката пред неколку дена ја објави книгата „Thower of the soul“, а избраникот и беше најголем поддржувач, таа направи исклучок и сподели заедничка фотографија.
Јосип стои до пејачката и ја прегрнува, додека таа воодушевено гледа во камерата.
Да потсетиме, Данијела Мартиновиќ ја потврди врската со инспекторот за хрватското издание на магазинот Глорија.
– Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокат од мое име преку Интернет поднесе пријава за кражба на идентитет. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива.
Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи.
– Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа.
Дечкото на Данијела Мартиновиќ е исто така рок пејач и гитарист кој е член на групата „Изван закана“ од 1991 година.
Инаку, пејачката пред врската со Јосип Плавиќ повеже од 20 години беше во врска со Петар Грашо, со кој раскина во 2021 година.