Членовите на семејството на мајката и таткото на исчезнатата Данка Илиќ (2), според српските медиуми, денеска и наредните денови ќе дадат исказ во полиција.
Денеска изјави ќе дадат братот и таткото на мајката на Данка, вујкото и дедото на девојчето.
Потрагата по девојчето Данка трае веќе шест дена, нејзините родители од денот на нејзиното исчезнување секој ден даваат изјави во полиција за да се расветлат сите околности на нејзиното исчезнување.
Милош Илиќ (30), таткото на исчезнатото девојче Данка Илиќ од Бор, вечерва ја даде првата изјава по исчезнувањето на неговата ќерка во Бањско поле минатиот вторник.
– Сакам само ќерка ми да се врати дома жива и здрава! Полицијата си ја врши работата и јас им верувам. Ние како семејство ќе се огласиме кога сето ова ќе заврши – изјави таткото на Данка за „Блиц“.
Новинарите на „Блиц“ ги сретнале мајката на Данка, Ивана и бабата на паркингот пред зградата во Бор, каде во моментов престојуваат родителите на малата Данка Илиќ.
Мајката не сакала да одговори на прашањата и заедно со бабата влегла во зградата од која излегол таткото Милош и дал кратка изјава.