Првата дама на Македонија знае како да остави добар впечаток – од ова романтично издание и Кејт Мидлтон би останала без зборови

Доколку не знаете што да се облечете за некоја свечена пригода, а сакате да изгледате атрактивно и ефективно, ова е одличен избор.

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, овие денови беше домаќинка на бројни гости у учествуваше на различни настани.
Елизабета неодамна ја посети и Клиниката за детска хирургија и Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Скопје, а во центарот на вниманието и овој пат беше нејзиниот префинет дамски изглед.
Имено, првата дама на Македонија им посака на најмалите да оздрават што побрзо и да се вратат во своите домови кај најблиските, а главна тема од почетокот на посетата беше нејзиниот елегантен стил.

Елизабета за оваа пригода носеше елегантен капут фустан кој во горниот дел изгледа како блејзер, со подигната јака, струкиран со интересен ремен и од половината се шири во форма на здолниште со А-крој.

Ременнот што го носеше беше во форма на голема панделка, врзана на едната страна, а Бети целото издание го „подигна“ со црни хулахопки и салонки со високи потпетици со кои никого не остави рамнодушен.
Интересно е тоа што најголеми љубителки на фустани со ваков крој се и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, како и шпанската кралица Летиција кои во изминатиов период често можевме да ги видиме во слично издание.

Многу слична креација неодамна носеше и кралицата Ранија од Јордан, која исто така изгледаше мошне атрактивно и елегантно.
Во продолжение погледнете уште неколку елегантни зимски комбинации кои се совршен избор за нашите дами.