Првата дама на Македонија во издание какво ја немаме видено досега – БЕСПРЕКОРНО и модерно, никогаш не изгледала поубаво!
Новата омилена боја на првата дама на Македонија.
Елизабета Ѓоргиевска речиси на секое свое појавување е стилизирана за десетка, а секое нејзино издание изгледа шик и остава впечаток…
Нашата прва дама често можеме да ја видиме во елегантни изданија, но овој пат како да се надмина себеси.
Секако дека не можеме да кажеме дека зеленото е новото црно, но Елизабета во оваа нијанса навистина блеска и изгледа како вистинска модна икона.
Во прашање е издание што првата дама на Македонија го носеше на одбележувањето 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Словенија, организирана од словенската амбасада.
Таа за оваа пригода избра елегантен комплет во пастелно зелена нијанса, под кој носеше црна ролка и црни хулахопки.
Во прашање е една од омилените бои на многу познати дами, а меѓу нив и на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Идната британска кралица ја има носено на најразлични јавни настани, гостувања и патувања, а многу нејзини фустани што биле нејзин избор во минатото се нашле на врвот на листите меѓу најубавите тоалети на светот.
Од тука воопшто нема да се изненадиме ако и ова издание на нашата прва дама беше инспирирано токму од неа, но истовремено мораме да признаеме дека Бети изгледаше прекрасно во оваа женствена комбинација.
Впрочем како и многупати досега, па во продолжение погледнете ги и останатите изданија во кои таа блескаше како прва дама.
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска