Првата дама на Македонија блескаше во ова издание – детаљ со кој сите ПОГЛЕДИ ќе бидат насочени кон вас, го обожаваат многу дами!
Нашата прва дама повторно не воодушеви со својот стил
И војвотката Кејт Мидлтон и кралицата Летиција го обожаваат овој моден детаљ кој е хит веќе неколку сезони.
Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со својот сопруг, претседателот Стево Пендаровски остварија претпразнична дружба со китење на новогодишните елки во Кабинетот и доделување пакетчиња, кога Бети повторно блесна со својот брилијантен моден избор.
Секогаш облечена шик, Елизабета и овој пат беше во центарот на вниманието, а главен виновник беше – розовиот капут.
Имено првата дама на настанот дојде во преубав капут во пастелна розова нијанса со кој никого не остави рамнодушен.
Во прашање е капут кој и порано го има носено на различни настани, а кој се уште изгледа тренди и неодоливо. Ѓоргиевска во него изгледаше модерно и самоуверено, и повторно покажа дека не се плаши да внесе малку боја во својот стил и свежина во зимските изданија.
Трендовите се менуваат, но одредени модни парчиња важат за безвременски, а овој капут дефинитивно е таков.
Имено, розовите капути веќе неколку сезони важат за вистински хит и им се омилени на многу познати дами.
Во нив не можете да останете незабележани и несомнено секоја комбинација ја претвораат во нежна модна бајка.
Тие се одличен избор доколку сакате да ја разбиете монотонијата и внесувајќи малку боја да го свртете вниманието на себе.