По 30 години брак мажот и кажа на сопругата дека е стара и непривлечна, а таа му возврати со феноменален одговор!
Еден човекот со својата сопруга поминал 30 години во брак. Еден ден тој се загледал во неа и рекол:
Пред точно 30 години, се преселивме во мал, скромен стан, како станари, спиевме на некој стар кауч, возев крнтија и гледавме црно-бела телевизија … Но, затоа одев во кревет со 23-годишна убавица секоја вечер …
Сега ја имаме нашата голема куќа, два добри автомобили, огромниот двоен кревет и последниот модел на LCD телевизор, но секоја ноќ одам во кревет со 53-годишна жена. Мислам дека не се вклопуваш во моите стандарди и промени што се случија во мојот живот …
Одговорот на жената кон дрската констатација на својот сопруг беше краток, јасен и феноменален: „Па, драги, никој не те држи. Оди и најди си 23-годишна убавица, а потоа ќе се вратите во младоста: ќе живеете во мал стан, ќе возите стара кола, ќе спиете на софата и ќе гледате црно-бело !