По 16 години живот во Германија се вратил во село “со брдо” пари и решил да ја реновира куќата: Сите му се смееле поради една работа- еве што тој мисли за оние кои го критикуваат!
Го нарекувале скржав...
Еден иселеник од Босна и Херцеговина веќе 16 години живее во Германија, но ова лето решил да се врати во својот крај и да ја реновира куќата во родното село.
фото илустрација/unsplash.com
Во својата исповед тој истакна дека реакциите на соседите многу го разочарале.
Кога соседите слушнале што планира и дека сака да ја реновира куќата во село иако живее во Германија почнале да се потсмеваат со него.
фото илустрација/unsplash.com
„Сакав да имам нешто свое во моето село. Куќата немаше голема вредност, но требаше да се реновира“, вели тој.
Кога дошол моментот за реновирање тогаш започнале и проблемите:
фото илустрација/unsplash.com
„Имав план што треба да правам во текот на летото. Зедов малку подолг одмор и планирав да останам во БиХ подолго од претходно.
Проблемот настана кога почнав да барам мајстори.
фото илустрација/unsplash.com
Едноставно нема, а тие што работат се зафатени, може да поминат месеци додека да ми дојде редот. Еден занаетчија ми рече дека може да ја одреди цената што ја сака затоа што луѓето едноставно немаат избор. Тој е единствениот на 100 километри кој ја работи таа работа“, изјави тој за „Феникс-магазин“.
фото илустрација/unsplash.com
Затоа решил сам да ги заврши сите работи околу реновирање на куќата.
„Парите не беа во прашање, понудив добра дневница. Но помладите отидоа на море, некои едноставно не прифаќаат бидејќи мислат дека ако си дојден од Германија, си полн со пари како брод па кога почнав да работам сам некои соседи почнаа да ме исмејуваат.
фото илустрација/unsplash.com
Во кафулето во селото ме исмејуваа и ме навредуваа дека сум скржав па затоа сам си правам се. Не сум скржав, едноставно не можам да најдам работник кој ќе работи без да направи пауза за пијачка на секои половина час, па не можам да дозволам реновирањето да трае две години, кога јас можам да завршам се за неколку месеци“.
Неговите соседи беа најголемо разочарување:
фото илустрација/unsplash.com
“Претпоставувам дека луѓето не се навикнати на работа. Главното на младите им е да кажат дека “нема да се уб.ијат од работа ” за дневница од 50-60 евра. А каде си ќе го заработите тоа денес? Едноставно никој не сака да работи.”
фото илустрација/unsplash.com
Тој истакна дека младите со завршено високо образование не сакаат да се занимаваат со вакви работи во текот на летото бидејќи тоа им е под чест.
фото илустрација/unsplash.com
“Претпоставувам дека тие повеќе би сакале да бидат на грбот на своите родители и да чекаат соодветна деловна можност. Не го разбирам тоа. Кога дојдов во Германија, работев се и сешто и сега имам своја компанија”, рече, пренесува Индекс хр.