Реклама
LIFESTYLEВирално

По цели три века, откриени Светите скали по кои чекорел Исус

Реклама

Овој Велигден туристите и верниците што ја посетуваат базиликата „Сан Џовани“ во Рим имаат единствена можност да ги видат, но и да се искачат по Светите скали, кои се откриени првпат во последните 300 години, а по кои, според верувањето, пред распнувањето Исус чекорел до Понтиј Пилат, човекот што му пресудил.

Скалилата познати со латинскиот назив „Scala Sancta“ се прекриени со штици од оревово дрво, а за јавноста ќе бидат достапни во текот на следните два месеца, по детаљниот потфат за реставрација.

Маркетинг

Во оригинал, скалите се мермерни и на нив на три места се наоѓаат три капки од крвта на Исус за кои се тврди дека паднале во текот на неговото искачување.

Со тие капки се означени средновековни крстови, кои туристите и верниците ги бакнуваат и допираат додека на колена се искачуваат кон врвот на скалите, пренесува Си-Ен-Ен.

Маркетинг

Од подножјето до врвот има 28 скалила, кои, како што укажува Евангелието според Јован, Исус ги минал неколкупати.

 

Иако не постојат пишани податоци, отец Франческо Гуера, ректор на Светите скали, вели дека според предението, мајката на царот Константин, Елена, инаку страстен колекционер на реликвии од Исус во 4 век, побарала скалите да ѝ се донесат од Ерусалим.

Тие набргу повторо ќе бидат прекриени со дрво за да се заштити оригиналниот мермер, но во наредните неколку недели посетителите на Рим можат да чекорат по стапките на исус, нешто кое се смета како голема светост.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button