По тешкиот период семејството на Војо Стојаноски има причини за славење, неговата сопруга емотивно за 2020: „Годината ми беше богата, семејството ми се зголеми“

Македонскиот фолк-пејач Војо Стојановски, пoчинa на 6. мај 2014 година на 65-годишна возраст од рaк на панкреас.

ФОТО: Евица Камберова-Стојаноска/ Фејсбук

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.[3] По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.

ФОТО: Јутјуб
ФОТО: Јутјуб

Војо Стојаноски беше во брак со новинарката Евица Камберова – Стојаноска, со која го имаат синот Дамјан.

ФОТО: Евица Камберова-Стојаноска/ Фејсбук
ФОТО: Евица Камберова-Стојаноска/ Фејсбук

Доколку беше жив, пејачот сигурно ќе беше прегорд на својот син кој продолжи по неговите стапки и стана успешен пејач, во земјава, но и пошироко.

Дамјан студираше на Факултетот за музичка уметност , отсек-соло пеење. Вели дека воопшто немал дилема која професија да ја одбере бидејќи отсекогаш ја сакал музиката. Фолк-ѕвездите го знаат од дете, но сега го прифаќаат како нивен колега.
Тој ја продолжи мисијата на својот татко, па преку песните работи на афирмацијата на вистината за Македонија.

ФОТО: Евица Камберова-Стојаноска/ Фејсбук

„Продолжувам во духот на македонската народна песна и ќе го негувам тој мелос. Знам дека татко ми би бил горд на мене и тоа ми е дополнителен мотив да се посветам со уште поголема страст на музиката’’- раскажа за Дамјан за Фокус.

За неговиот татко кој починал само 20 дена пред неговата матура, за „Женски Магазин“ зборуваше со доза носталгија за времето кое го поминувале заедно.

– Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележително, па планирам да ги оживеам – откри тој.

Дамјан вели дека Војо Стојановски бил одличен родител.
-Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Мислеше дека ќе може да даде уште многу во музиката и планираше солистички концерт. За жал, не успеа да ги реализира тие идеи – раскажа пејачот за „Женски магазин“.


Иако периодот со коронавирусот за многумина беше тежок, за овој пејач минатата година беше навистина среќна.
Тој прво се ожени за својата девојка Елена Биилеска од Кичeво.
-Го направивме само граѓанскиот брак и сеуште не сме одлучиле кога ќе биде свадбата и венчавањето в црква. Заедно сме неполна година иако се познаваме и се бендисувавме уште пред тоа, изјави Дамјан тогаш.

ФОТО: Дамјан Стојаноски/Фејсбук
ФОТО: Дамјан Стојаноски/Фејсбук

По некое време се случи и она што секој пар го очекува – принова на семејството.
Во август, 2020 година Дамјан и Елена станаа родители на нивниот син Војдан.
Убавата вест со јавноста ја споедели гордата баба Евица,која напиша дека има нова животна улога – баба.

ФОТО: Дамјан Стојаноски/Фејсбук

Во интервју за весникот Вечер, Евица емотивно се присети на некои значајни моменти од оваа сега веќе старата 2020 година:

– На личен план, годината ми беше богата. Семејството ми се зголеми. Покрај мојот единствен син Дамјан, си добив и ќерка, убавата снаа Елена, а како плод на нивната заедничка љубов го добив мојот прв внук-Војдан. Тоа се животни настани на кои датумите никогаш не се забораваат.

Но, најубаво е кога радосните моменти можеш да ги споделиш со роднините и пријателите кои ги сакаш, онака како што сакаш и како што си замислувал.

Но, оваа 2020-ковид година, не ни го дозволи тоа. Никој не може ни на личната среќа да се израдува целосно ако несреќата е насекаде околу нас. Состојбата со вирусот ги донесе стравот и тагата како доминантни емоции.

Секојдневните информации за разболени и починати ни ги окупираа мислите. Запре животот на сите полиња. Згора на тоа, многу нечесни, незрели или едноставно, крајно лоши потези на политички и економски план во нашата земја, доплонително стресираа огромен број од граѓаните.

И затоа, сите посакуваме, ваква година, на макро план, да не се повтори.
Да сме живи и здрави! Во годината што доаѓа да сме посреќни, да се дружиме, да се гушкаме, да патуваме, да твориме и да му се радуваме на животот, искрено порача Евица за Вечер.

ФОТО: Дамјан Стојаноски/Фејсбук
ФОТО: Евица Камберова-Стојаноска/ Фејсбук
ФОТО: Евица Камберова-Стојаноска/ Фејсбук
(Visited 8.373 times, 1 visits today)