По Розга, Емина и Тамара, Гиговска ќе и пее придружни вокали и на Луна Џогани

Победничката на втората сезона на Задруга, Луна Џогани наскоро ќе ја објави својата прва песна на која почна вредно да работи веднаш откако излезе од шоуто.

Таа за потребите на снимањето на спотот дојде во Македонија, за придружен вокал ја ангажираше талентираната скопјанка Антониа Гиговска која беше една од најдобрите во суперфиналето на „Пинкови ѕвездички – All Stars“, но за жал не успеа да победи во шоуто. Луна објави и заедничка фотографија со Македонката која ја расплака Гоца Тржан со песната „Полско цвеќе“, додека македонската публика најмногу ја воодушеви со песната „Ако згрешам нека умрам“.

ADVERTISEMENT

На песната на Луна Џогани работи познатиот македонски продуцент и композитор Дарко Димитров, кој досега има направено песни за бројни познати ѕвезди од регионот како што се: Марија Шерифовиќ, Калиопи Букле, Емина Јаховиќ, Тамара Тодевска, Анастасија Ражнатовиќ…

Гиговска досега има пеено придружни вокали за Јелена Розга, Емина Јаховиќ, а настапи и на Евровизија со  победничката песна на Тамара Тодевска, „Proud“.

Дел од текстот на Луна можете да го прочитате тука.

Facebook Comments
(Visited 71 times, 1 visits today)