Реклама
Вирално

По поројните дождови наезда на змии и на Водно – ги предупредуваме граѓаните да бидат внимателни

Граѓанин на Скопје се шетал на Водно и за малце ќе го каснала змија

Реклама

По големите дождови што паднаа во изминатиов период кои на одредени места предизвикаа поплави, граѓаните се соочуваат со уште една опасност, а тоа се змиите.

Имено, еден наш сограѓанин не предупреди дека случајно налетал на змија додека се качувал по патеката кон Водно.

„Ја видов многу убаво, бидејќи помине на само еден чекор пред мене. За малце ќе ја згазнев, но кога ја видов како ја поминува патеката, застанав и таа си помина на половина метар од мене. Ја видов кај старата срушена куќичка што се наоѓа веднаш покрај самата патека што води кон Средно Водно, вели овој наш сограѓанин и не предупредува да бидеме внимателни.

Маркетинг

Тука сум речиси секое утро во изминативе месец дена, но покрај желки и верверички ова е прв пат да видам и змија. Најверојатно по бројните дождови тие масовно излегуваат на површината, така што сега треба да се биде внимателен, а тоа важи и за оние што шетаат миленици. Да сум на нивно место не би ги пуштил кученцата да се шетаат сами, туку би ги шетал врзани, да се движат строго по патеката и да не се задржуваат на непроверени места.

Фото: Приватна архива

Инаку, змиите функционираат по принципот „не ме закачувај, не те закачувам“, што значи дека не треба да ги вознемирувате кога ќе ви видите, туку држете дистанца и оставете ги да си поминат.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Според статистиката на клиниката за инфективни болести најмногу каснувања од змии има во мај, јуни и јули.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Во нашата земја има неколку вида на отровници, па докторите препорачуваат оние што ќе бидат каснати, да не фаќаат паника, туку веднаш да се јават на лекар и да го примаат потребниот противотров.

Фото: Приватна архива

Според биолозите, Македонија и покрај тоа што е мала по површина, таа е една од ретките земји во светот каде што според биодиверзитетот се регистрирани 16 видови змии што претставува речиси 80 % од сите видови на змии во светот.

Фото: Приватна архива

Некои од нив се балканскиот, жолтиот, планинскиот и леопардовиот смок, потоа поскокот, остраглавата и други.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button