По пораката на Дарко, Марина направи xаoc на социјалните мрежи – ПОРАНЕШНИТЕ на фолкерот со нови пpoвoкации
Фолкерот очигледно не е премногу загрижен на приказните од поранешните, па ужива со новата девојка Барбара Бобак.
Познатиот фолк пејач Дарко Лазиќ неодамна се најде во центарот на cкaндaл откако Оливера Матијевиќ изнесе тврдења дека била со него додека неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ била во блажена состојба.
Фолкерот ги демантираше овие наводи, но не криеше колку е изнервиран што неговите поранешни се зближиле.
Тој јавно им порача и на двете дека се неважни за него, но и за јавноста и дека не сака да им се дава премногу простор, но и дека Марина треба повеќе да се грижи за нивното дете наместо да дава интервјуа за новинарите.
Но очигледно дека овие приказни не го засегаат премногу, па тој продолжи да обавува фотографии со неговата нова девојка.
Тој ужива со својата нова девојка Барбара Бобак со која од неодамна живее, а сега на Инстаграм сподели и како го минуваат времето.
Тие двајцата позираа насмеани, па многумина се прашуваат дали на овој начин сакаат да дадат до знаење на Оливера и Марина колку се среќни кога се заедно.
Но не објавува само тој фотографии
Имено и Марина Гагиќ со новите фотографии на кои ги истакна своите oб-лини никого не остави рамнодушен.
Имено, поранешната на фолкерот направи вистински хаoc на социјалните мрежи со својата последна објава.
Таа позираше тип-топ средена во тесен црн фустан истакнувајќи ги во центарот на вниманието своите атрибути.
Многумина беа воодушевени од ова нејзино издание, па следуваа голем број комплименти на сметка нејзиниот изглед.
Некои од нив го критикуваа и познатиот пејач кој не успеа да задржи една ваква убавица покрај себе.
„Дарко изгуби божица“, „Не разбирам како Дарко можеше да остави ваква жена“, Дарко не е свесен што изгуби“, беа само некои од коментарите.
Марина претходно за српскиот Телеграф изјави дека со Дарко е во коректен однос, но и дека наскоро ќе одат на суд.
„Нашиот однос е коректен, само тоа ќе го кажам. Добар, се слушаме само околу детето, се договараме исклучиво околу Алексеј. Толку сме во контакт откако си заминав од кај него. За месец дена го имаме првото судење, па ќе видиме што ќе биде“, изјави Гагиќ за „Телеграф.рс“.
Фото: Инстаграм/ Оливера Матијевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Матијевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Матијевиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Гагиќ