По повод 8-ми Март пејачот Јордан Митев направи ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ – жените никогаш повесели
Познатиот пејач имаше настап и во Струмица и во Скопје
За неговите настапи секогаш се бара влезница повеќе…
По повод Денот на жените, музичката ѕвезда Јордан Митев одржа не еден туку два настапи за кои уште долго време ќе се зборува. Претставничките на понежниот пол можеа да уживаат во повеќечасовните настапи на еден од омилените фолк-пејачки.
Имено, Јордан со големо задоволство најпрво настапи во еден познат ресторан во Колешино, Струмица, а потоа во вечерните часови имаше незаборавен настап и пред скопската публика.
Ова навистина беше посебна ноќ за дамите, но и за нивните мажи и момчињата кои своите поубава половина решиле да ја однесат на концертот на познатиот фолк-пејач.
Фејсбук/ Јордан Митев
Тој вечерва има уште еден настап во Скопје, и тоа на истото место, а како беше на вчерашната свирка, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, Јордан Митев неодамна на својот профил на Инстаграм го најави и концертот што го подготвува во Штип.
Имено, тој на 29. Март ќе настапи во НУЦК „Ацо Шопов“, а според наши извори за концертот веќе се бара влезница повеќе.