По концертот од кој сите пари ги уплати за лечење на ова момче, Драгана Мирковиќ се врати во своето родно село Касидол (фото)
Не само што не се срами дека е од село, туку и се гордее со тоа
Пејачката Драгана Мирковиќ никогаш не го криела своето потекло и отсекогаш со гордост кажувала дека е од Касидол.
Таа е една од најбогатите пејачки во регионот, но не крие од каде потекнува и редовно го посетува своето родно место.
Таа овој pат наместо во својата приватна телевизија „ДМ Сат“ во Пожаревац, замина во родниот Касидол каде што се фотографираше.
Таа најверојатно се фотографираше во својот двор и покажа во какво зелено опкружување е родена.
Покрај тоа што нема комплекси, Драгана е и многу хумана во изминатиов период па така дел од парите од секој нејзин концерт одат во добротворни цели. Таа досега никогаш јавно не зборувала на кои донации им има помогнато, но овој пат реши јавно да зборува за својата хуманост.
Имено таа реши парите од својот последен концерт да ги донира за лекувањето на шестмесечното бебе Бошко Гуглет.
Потресена од судбината на момето од Нови Сад, пејачката одлучи целиот хонорар од последниот концерт што го одржа во Мал Зворник да го даде за лечењето на малиот јунак што се бори со спинална мускулна атрофија.
„Отсекогаш сум помагала на најзагрозените анонимно бидејќи сметав дека хуманоста е нешто со што се облагородуваме самите себе помагајќи им на другите, и дека не и треба експонирање. Но, во последно време сфатив дека е многу важно повремено да се сврте вниманието кон ваквите благородни дела, за што најдобар пример ми даде колешката Рада Манојловиќ“ вели Драгана и продолжува:
„Таа да не се ангажираше, прашање е дали една девојка би собрала пар да замине на потребната операција“.
„Заради тоа, на овој начин, нетипично за мене, одлучив јавно да помогнам и да ги повикам сите оние кои се во можност да ми се придружат и заедно да направиме едно благородно дело и да го спасиме малиот ангел“.
„Исто така одлучив ова да не е крај, па дел од средствата од овие мои летни концерти ќе бидат уплатени во хуманитарни цели“ порача Драгана која заради пандемијата во родната земја дојде прв пат по цела година и пол и веднаш даде пример како треба да се однесуваат големите ѕвезди.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ