По гласините дека Шехерзад и Сулејман се разведуваат конечно се огласи и убавата Турчинка – го покажа и бебето за прв пат!
Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, Халит Ергенч, важат за еден од најпознатите парови во Турција.
Но во последните месеци во турските медиуми не ретко можевме да прочитаме дека тие имаат проблеми во бракот.
Сепак убавата Бергузар Корел со својата последна фотографија што ја објави на Инстаграм ги демантираше таквите гласини.
Имено, омилената Шехерзад од популарната серија „1001 ноќ“ со своите многубројни фанови им посака добро утро со фотографија од нивниот семеен дом.
На фотографијата е популарниот Сулејман Величествениот облечен во шарен зимски џемпер кој очигледно и е омилен на неговата сопруга, па таа објасни во објавата дека го натерала да го облече заради зимската идила.
Да потсетиме, Бергузар (38) во март претходната година го доби своето второ дете со 49 годишниот актер, а по некое време турските медиуми почнаа да пишуваат дека тие на до чекор до развод на бракот.
Но очигледно дека тоа се само гласини и немаат врска со вистината, а новите фотографии на Шехерзад само го потврдуваат тоа.
Имено, покрај фотографијата од нејзиниот сопруг, таа објави и видео од кое можеме да ги видиме ноџињата на нивното бебе.
Шехерзад многу ретко објавува фотографии од своите деца, па фановите се воодушевени што го направи тоа.
Нов имиџ
Познатата турска актерка неколку месеци откако се породи по втор пат, објави неколку фотографии во костими за капење со кои предизвика бура од реакции во јавноста.
Но покрај бројните комплименти, имаше и такви кои ја критикуваа убавата актерка заради зголемениот број на килограми, стриите и целyлитот што и останаа по бременоста, нешто што очигледно не помина незабележано и од нејзина страна. Па затоа реши да сврти нова страна…
Имено, таареши да ги преземе работите во свои раце и да се реши од вишокот килограми, па се пофали на Инстаграм.
Во описот на својата фотографија на Инстаграм Бергузар истакна дека најважна е волјата и дека нема жена која не сака да влезе во процесот на слабеење по бременоста, но и дека тоа е многу важно за здравјето и дека не е потребно да се грижите премногу за коментарите на другите.
Еве како таа изгледа сега:
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел