По веста дека Брена остана без снаа, се огласи и Сандра – не го крие ИЗНЕНАДУВАЊЕТО, еве што сподели на инстаграм!
Откако се појавија вестите дека синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, и неговата убава девојка Сандра Миљковиќ раскинале, се огласи и Сандра.
Имено, шармантната девојка на синот на Лепа Брена се огласи преку Инстаграм и ја демантираше оваа вест.
„Ме насмеавте со овие измислици. Луѓе, не јавувајте ми се, се е во најдобар ред, секако дека не сме раскинале“, напиша таа.
Инаку, медиумите во регионот ја пренесоа веста дека Виктор и Сандра се разделиле, иако претходно се шушкаше дека планираат да направат голема свадба кога условите ќе им дозволат да го направат тоа.
Овие гласини беа поттикнати и од тоа што Виктор замина на одмор со неговите родители на црногорското приморје, каде ужива на нивната јахта, додека Сандра со своите пријателки и пријатели беше да го посети фестивалот „Егзит“.
Инаку, ова не е прв пат да имаат турбулентен период во врската. Пред година дена Сандра навистина го остави Виктор бидејќи во мобилниот телефон му најде пораки што ги разменувал со друга девојка.
Тие на крај сепак успеаја да ги надминат несогласувањата, кои овој пат очигледно ни не постојат.
Инаку, Виктор е на одмор со Брена и Боба, каде ужива на нивната јахта во посетата на луксузни дестинации.
Брена редовно споделува фотографии и видеа од нејзиниот луксузен одмор, а Сандра се уште не им се приклучила.
Само да потсетиме, Виктор и Сандра нивната свадба ја планираа уште при крај на минатата година, но заради опакиот вирус корона решија да ја одложат и да причекаат до следната година. Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се согласија со нивната одлука.
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ