По бремената Марија Брзакова се трагаше низ цела Македонија! И по три години се уште е исчезната
Мистериозниот случај што ја крена цела Македонија на нозе
По Марија се трагаше и во Швајцарија, но безуспешно…
Марија Брзакова (32), која исчезна во јануари 2020 година, се уште се води за исчезнато лице во Министерството за внатрешни работи.
Младата девојка последен пат беше видена во близина на семејниот дом во Босилово по што и се изгуби секоја трага.
Таа од својот дом излегла во раните утрински часови, облечена во тренерки. Тоа се случила на 18 јануари и од тогаш никој ништо не знае за неа. Исчезнувањето го пријави нејзиниот сопруг, а покрај полицијата по Марија тогаш трагаа и ловџиите, но безуспешно.
Фотографии од Марија со апел за помош што беа објавено во времето кога таа исчезна и ѝ се изгуби секоја трага
Инаку, Марија заедно со својот сопруг Б.Б (33) живеела во Швајцарија, како и нивните родители.
По потекло е од с. Турново, а како што пишува на сајтот за исчезнати лица на Министерството за внатрешни работи, родена е 1991 година.
Фотографии од Марија со апел за помош што беа објавено во времето кога таа исчезна и ѝ се изгуби секоја трага
Марија исчезна на 18/01.2020 од село Босилово, Струмица.
Фото: МВР
Посетуваме, Марија Брзакова во моментот на исчезнувањето имаше 28 години и беше во рана бременост, а нејзиниот случај се уште се води за отворен, во Основното јавно обвинителство.
Фотографии од Марија со апел за помош што беа објавено во времето кога таа исчезна и ѝ се изгуби секоја трага
Медиумите за целиот случај тогаш пишуваа и дека е мистериозен затоа што тогаш никој не сакаше да даде изјава.
Покрај семејството, немаше доволно информации ни од полицијата, иако се апелираше до јавноста за помош.
Полицијата со недели ја бараше заедно со ловечки друштва, доброволци од неколку села но и специјални единици на МВР со кучиња трагачи. Целиот регион за кој се претпоставуваше дека би можело да биде пронајдена беше детално пребаран, од потегот во Струмица каде што беше последен пат видена, па се до речните корита што одат до границата со Бугарија. Но како што објавија тогаш нашите медиуми, полицијата не наиде на никаков позначителен траг…
Повеќе за ова прочитајте тука >>