По Благоја Грујовски уште една колешка ја напушта Везилка – погледнете како изгледаше во последната емисија
Познатата водителка ја напушта Алфа – се огласи на Фејсбук, им се обрати на колегите
Познатата водителка сподели дека заминува од телевизијата во која работеше со години и ги изненади сите.
Русокосата водителка Александра Бела која со години работеше во „Алфа“ се огласи на социјалните мрежи и на овој начин откри дека го завршува работниот ангажман во оваа телевизија.
Таа беше дел и од емисијата „Везилка“ од која што неодамна замина нејзиниот колега Благоја Грујовски, а на негово место дојде Спасен Силјаноски, со кого Александра сними неколку емисии.
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Александра во оваа телевизија работеше шест години и како што самата вели, благодарна е за сите убави моменти.
Објавувајќи неколку фотографии на кои е со колегите, Бела им се заблагодари на раководството и уредниците, но испрати голема благодарност и до сите соработници кои низ годините и помогнале заедно да реализираат квалитетни и добри содржини.
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Таа исто така не ги заборави и гледачите, истакнувајќи дека и било задоволство да дискутира со нив во контактните емисии, но истовремено и да научи по нешто, признавајќи дека некои гласови ќе и останат долго врежани во меморијата и нема никогаш да ги заборави.
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
„Моето битисување во медиумскиот свет продолжува, се гледаме наскоро на екраните“, го заврши своето обраќање водителката.
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Инаку шармантната водителка пред само неколку дена се најде во центарот на вниманието и заради нејзината свадбена веселба на која беа речиси сите нејзини колешки и колеги.
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Како таа изгледаше на овој посебен ден во нејзиниот живот, но и како Спасен Силјаноски ја изненади на свадбата, погледнете тука…