По долго и тешко боледување, на 56-годишна возраст почина Вики Икономова, сопругата на Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарниот македонски бенд „Меморија“.
Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти основачот на групата, Петар Георгиевски-Камиказа.
„Поце те сакаше повеќе од сѐ, дури и од самиот себе! Во 10-годишната здравствена голгота, ниеднаш не покажа слабост во траорната битка барајќи „иљач“ за твојата болест. Ја носеше подеднакво храбро и доблесно, како човек кој искрено љуби и се бореше до последниот твој здив. Денес во 14 часот престана да чука срцето на Вики. Друже Поце, искрено сочуство. Секоја песна и тон со твојот ангелски глас, испеани на нашите концерти на неа ѝ ги беше посветил. Затоа концертите беа посебни“, напиша Kamikaza.