Почина познатата водителка – Ја загуби битката со ракот!

Познатата британска водителка и актерка Анабел Гилс почина на 64-годишна возраст откако во јули и беше дијагностициран тумор на мозокот, објавија британските медиуми. Тажната вест ја соопштија нејзините деца.
Анабел почина мирно во болницата во Хов, а нејзиниот син Тод и ќерката Моли и оддадоа последна почит на нивната мајка.
„Со тешко срце ве известуваме за смртта на нашата неверојатна мајка. Во јули на мама и беше дијагностициран глиобластом во стадиум 4, брзорастечки и многу агресивен малигнен тумор на мозокот.
Во изминатите четири месеци таа покажа извонредна издржливост и сила, и покрај операцијата на мозокот и безброј третмани со зрачење. Мама „навистина беше единствена енигма за сите оние кои ја имаа привилегијата да го споделат нејзиниот живот. Верна на нејзината природа, таа го задржа својот добар дух и хумор до самиот крај“, тие напиша во соопштението.
„Нејзиниот хумор и смеа ќе не остават инспирирани да го живееме животот максимално, исто како што таа секогаш го правела“, додаваат тие.
Фото: Фејсбук
Најчестите симптоми на тумори на мозокот, поради кои пациентите се јавуваат на лекар, се главоболки и напади. Но, не треба да паничите или да се сомневате дека имате тумор доколку имате главоболка. Овие симптоми се вообичаени и за други заболувања. Важно е доколку имате постојана главоболка, да се јавите на лекар, за да се утврди причината, пишува на веб страницата на „Аџибадем Систина“.
Доколку главоболката е последица на тумор во мозок, има тенденција да се влошува. Но, кај некои пациенти на почетокот се јавуваат благи главоболки, кои траат подолго време. Некои пациенти секој ден се будат со тешки главоболки, кои полека се смируваат во текот на денот. Но, како расте туморот се зголемува притисокот и главоболките стануваат поизразени кога ќе се наведнете, кивнете, вежбате па дури и кога викате. Веднаш да се јавите на лекар доколку имате: Многу силна главоболка, особено присутна кога ќе се разбудите, почнува да се јавува главоболка која не сте ја имале претходно, имате чести главоболки, имате главоболка и гадење во исто време.
Туморот на мозок може да предизвика мачнина, која е поизразена во утринските часови.
Поспаност. Поспаноста е најчесто доцен симптом на тумор во мозокот. Како што туморот расте и притисокот во главата се зголемува може да ви се спие повеќе од вообичаеното. Или, пак, можете несвесно да заспиете во текот на денот.
Проблеми со очите.
Зголемениот интракранијален притисок може да предизвика проблеми со очите. Затоа, доколку имате проблеми со видот веднаш јавете се на лекар. Особено е важно ако проблемите не се коригираат со очилата. Тука спаѓа: заматен вид, гледате форми како да лебдат, гледате како во тунел или видот ви се губи па повторно доаѓа. При офталмолошки преглед може да се дијагностицира интракранијалниот притисок. Напади (конвулзии) Нападите се еден од најчестите симптоми на тумор на мозок. Може да се манифестираат со тресење или грчење на рака или нога. Некои напади само на момент предизвикуваат губење на свеста.