Поучна приказна: Богаташ ја посетил старата мајка и ја прашал што и треба, нејзиниот одговор го расплака
Еден богат човек ја оставил мајка си во дом за старци. Имал тој огромна куќа, но никој за неа немал време.
Нејзе и било подобро во домот,отколку дома. Синот повремено ја посетувал мајката. Еден ден го повикале веднаш да дојде, зошто состојбата на неговата мајка се влошила.
Дошол и ја затекнал мајка си жива. Се уште можела да зборува.
Тој ја прашал мајката: Дали нешто сакаш мамо?
Таа му рече: Да, сине. Сакам во овие соби да донесеш клима – уреди и да ја реновираш кујната.
Тој зачуден ја праша: Но мајко, зошто порано тоа не ми го побара!? Зошто го бараш тоа сега?
Мајката му рече: Сине мој, јас се навикнав на оваа горештина во собите, па и на храната и на гладта. Но драг сину, јас тоа го барам поради тебе. Кога тебе твоите синови ќе те остават овде, да имаш подобри услови!