Вести

Потресна исповед на братот на убиената жена од Кавадарци: Бракот и беше пекол, постојано трпеше закани!

Advertisement

Македонката која минатиот четврток беше убиена од страна на нејзиниот сопруг во Есен, Германија, беше погребана денес на гробишта во Есен.

За трагедијата која се случила во вечерните часови минатиот четврток, известија германските медиуми, опишувајќи го настанот како ужасно крвопролевање. Ванеса била избодена во станот во кој живеела, пред очите на нејзиниот осум-годишен син.

Advertisement

Несреќната жена, инаку мајка на седум деца од кои најмалиот син има само осум години, се најде на страниците на германските медиуми, откако минатиот четврток, пред очите на најмалиот син беше свирепо убиена од страна на нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца.

Фото социјални мрежи

Како осомничен за убиството беше наведен нејзиниот 47-годишен сопруг, по кого била распишана потерница.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, набргу потоа тој самиот се предал на полицијата и бил приведен.

Околу тоа што и претходело на трагедијата и на незапамтениот злостор, за ,,Фокус” раскажува братот на Ванеса, Бесим Алија. Целото семејство е длабоко потресено и бара правда за невината жртва.

-Пред девет години сестра ми со семејството се пресели во Германија, во потрага по подобар живот. Но, бракот и беше пекол. Тој беше премногу љубоморен, постојано ја контролираше, не ја пушташе да оди ниту во маркет.

Не и дозволуваше да зборува со фамилијата, таа не смееше да дојде ниту кај мене. Постојано трпеше закани, и се закануваше дека ако дојде кај мене, ќе ме убие мене и ќе ги убие моите деца!

Само за да нема проблеми со него, таа ме блокираше мене и сите роднини на телефон, но на крај сепак заврши на еден таков свиреп начин, усмртена пред очите на синот- раскажува братот.

Вели дека Ванеса пет-шест пати се охрабрила и го пријавила сопругот поради насилно однесување во полиција, но на крај сепак ја повлекувала пријавата. По секое пријавување тој уште повеќе се заканувал, па таа се повлекувала во страв.

Целото интервју може да го прочитате тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button