Реклама
Вирално

Постојат луѓе на кои короната не им може НИШТО – еве во што е нивната ТАЈНА, објаснуваат водечки епидемиолози

Реклама

Научниците открија дека некои луѓе имаат таканаречен „скриен имунитет“, посебни клетки кои штитат од ковид-19.

Како што експертите често споменуваат, коронавирусот има многу непознати работи за цел свет, но и секојдневно се добиваат некои нови сознанија, а некои теории се побиваат.

Маркетинг

Она што е збунувачко се антителата и имунитетот на ковид-19.

Маркетинг

Пред некое време, научниците открија дека постојат пациенти кои се опоравиле од инфекцијата, но по некое чудо немале антитела на ковид, како што на почетокот се верувало дека мора да ги имаат сите кои ја прележале болеста.

Се утврдило дека овој број на луѓе воопшто не бил мал. Тогаш е откриено и дека многу од оние кои развиваат антитела, „ги губат“ после неколку месеци. Како што се покажало, антителата изгледа нема да бидат клучно решение за создавање на имунитет и запирање на епидемијата…

Но, додека светот е преокупиран со антитела, истражувачите сфатиле дека може да постои еден облик на имунитет – оној кој, во некои случаи со години останува прикриен во организмот. И тука е еден „мистерозен“ вид на бели крвни зрнца, Т- клетки, добиваат големо значење.

„Т-клетките се еден вид на имунолошки клетки, чија цел е да ги идентификуваат и отстранат патогените или заразените клетки во организмот. Секоја Т-клетка е многу специфична, зошто постојат трилион нејзини верзии на површината на протеинот, што овозможува детекција на метата. Бидејќи Т-клетките можат да останат во крвта со години после инфекцијата, придонесуваат имунолошкиот систем да има долготрајно памтење што помага во ефективниот одговор на непријателите во организмот“.

Неколку студии покажаа дека луѓето кое се заразени од ковид-19 имаат Т-клетки кои го таргетираат вирусот, без оглед дали заразените имаат симптоми или не.

Исто така, експертите утврдија дека некои може да бидат негативни на антитела против ковид-19 и позитивни на Т-клетки кои го идентификуваат вирусот.

Ова доведе до сомнеж дека нивото на имунитет против вирусот може да биде двојно.

Истражувачите кои анализирале крв години пред пандемијата, нашле дека Т-клетките специфично се создадени за да го детектираат протеинот на површината на ковид-19. Ова сугерира дека некои луѓе веќе имале претходно подготвен организам во борба против вирусот, пред навистина да почне да се шири меѓу луѓето.

Како што се утврдува Т-клетките се главен извор на имунитет на ковид-19.

Како што објасни имунологот Адријан Хејдеј  – ХИВ вирусот претставува геноцид на Т-клетките зошто вирусот ги лови и системски ги тера да извршат саmоuбиство за организмот да се чувствува беспомошен.

– Анализирајќи ги ковид-19 пациентите, можам да кажам дека поединци кои се заразени, а не се хоспитализирани 100 посто имале реакција на Т-клетките. Добра вест е што нив ги има во вакцините зошто очигледно е дека се способни да го детектираат вирусот. Тоа е се добро, објаснува Андријан Хејдер и додава:

-Моментално постои голем спектар на дизајнирани вакцини. Ако го запреме она што вирусот им го прави на Т-клетките кај пациентите, ќе имаме привилегија да ја контролираме болеста, заклучува имунологот

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button