Реклама
Вирално

Постигнаа ли Швеѓаните нешто со контроверзната стратегија против короната? Ако се подвлече оваа линија се гледа целата трагедија

Реклама

Шведската контроверзна стратегија во борбата против коронавирусот не резултираше со економска добивка, покажуваат новите податоци. Наместо тоа, доведе до далеку поголем број на починати од одругите нордиски соседи.

Шведска никогаш не нареди карантин како одговор на пандемијата од коронавирус. Наместо тоа, стратегијата се потпираше на личната одговорност и поттикнувањето на граѓаните да останат дома кога се болни и одржување на социјална дистанца кога се во јавност. Повеќето претпијатија, ресторани, барови и училишта останаа отворени, иако собирањето на повеќе од 50 луѓе беше забрането од крајот на март.

Маркетинг

Шведскиот премиер Стефан Лофвен ја бранеше таа тактика како „здраворазумен потег“ кој на земјата ќе и овозможи да одржи „статус кво“ во пандемиската криза, но таа наиде на бурни критили кај домашните и странските експерти.

Маркетинг

Џејкоб Киркегор, од Питерсон Институтот за меѓународна економија ја анализираше актуелната состојба во шведската економија за „Њујорк Тајмс“ и утврди дека, иако сите индустриски гранки работеле со непроменето темпо и Швеѓаните нормално одеа на работа, земјата не оствари значајна економска добивка.

– Буквално не постигнаа ништо. Само на себеси си отворија рана, а не добија ништо за возврат, рече Киркегор.

Според Ројтерс, шведската централна банка овој месец прогнозира дека БДП на земјата – оваа година ќе се намали за 4,5 отсто. Тоа е спротивно со претходните предвидувања дека БДП на Шведска ќе се зголеми за 1,3 отсто. „Тајмс“ додава дека стапката на невработеност во Шведска порасна за 7,1 отсто во март на 9 отсто во мај.
До 8. јуни, Шведска пријави повеќе од 73.000 случаи на коронавирус и повеќе од 5.400 смртни случаи, што е повеќе отколку во другите нордиски земји заедно.

Стапката на смртност од коронавирусот во Шведска исто така е меѓу највисоките во светот.

Според податоците на “Нашиот Свет низ податоци“ (Our World In Data), според истражувачката публикација на Универзитетот во Оксфорд, Шведска потврди повеќе од смртни случаи на милион жители отколку САД, Бразил, Индија и Русија, иако тие земји забележаа многу поголем број на заразени од Шведска.

Некои шведски државни функционери ја повикаа земјата да ја преиспита својата пандемиска стратегија. Во април повеќе од 2.000 шведски научници потпишаа отворени писма со барање земјата да ја преиспита својата одлука да не воведува карантин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button