Психолошка зрелост на постарите мајки има позитивно влијание врз развојот на детето, според студијата на данскиот универзитет во Архус.
Исто така, студијата покажа дека помалку е веројатно дека тие би ги казнувале нивните деца за време на нивното воспитување и дека децата на возраст од 7 до 11 години имаат помалку социјални и емоционални потешкотии.
Истражувачите ги испитале односите на 4.741 мајки и нивните деца, а студијата покажала дека придобивките на постарите мајки се видливи сè до адолесцентскиот период. Така, децата на постарите мајки биле вербално и социјално поспособни од своите врсници чии мајки биле помлади, без оглед на нивниот социјален статус, образование и други слични фактори.
„Знаеме дека луѓето стануваат ментално пофлексибилни со текот на годините и се пополерантни кон другите и многу повеќе се емоционално зрели. Така начинот на родителство може да придонесе за позитивно психосоцијално опкружување што влијае врз позитивното воспитување на детето”, вели авторот на студијата Дион Сомер.
Студиите, исто така, покажаа дека постарите жени напредуваат подобро на почетокот на мајчинството, бидејќи се помалку загрижени, и генерално имаат попозитивен однос кон родителството и децата.
Иако објавувањето на оваа студија не укажува прецизно на старосната граница за тоа што точно се мисли под терминот „постари мајки“, слични студии ги дефинирале како жени кои имаат повеќе од 35 години.