Посреќни од било кога: Каролина и нејзиниот сопруг се спакуваа и ЗАМИНАА ОД МАКЕДОНИЈА – еве каде уживаат сега
Најновото видео кое го објави пејачката ги воодушеви нејзините фанови.
Каролина и нејзиниот сопруг заминаа од Македонија, а делуваат посреќни од било кога.
Кариера како нејзината посакува секој еден пејач, но зад тоа стојат години макотрпна работа и многу вложен труд.
Каролина Гочева е еден од најдобрите женски вокали во земјава, сите нејзини песни се хитови и ја слушаат и млади и стари.
Освен што е максимално посветена на музиката, Каролина е и активна на доцијалните мрежи, каде некогаш знае да сподели фотографии од нејзиното секојдневие.
Ретко зборува за својот приватен живот и се труди деталите да ги зачува само за себе.
Каролина Гочева потекнува од семејство на доктори. Нејзините најблиски се занимаваат со медицина, а таа сепак се одлучи за друга професија, во која и тоа како е успешна.
Во 2016 година Каролина заплови и во брачните води со уметникот Михаил Корубин.
На Инстаграм тие објавија фотографии од венчавката која се одржува во необичен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот Петровец, преуреден за оваа прилика.
Михаил и Каролина имаат многу слични интереси, а најмногу сакаат да патуваат и тоа го прават често.
Деновиве тие отпатуваа во Италија, од каде пејачката сподели видео со кратки инсерти од нивното доживување.
Таа и Михаил изгледаат посреќни од било кога, а нивната љубов цвета.
Погледнете и уверете се:
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева
ФОТО: Инстаграм / Каролина Гочева