ПОСЛЕ СООБРАЌАЈКАТА ВО МАКЕДОНИЈА, РОКЕРОТ КУПИ БЕСНА МАШИНА! Ѓорѓе Давид го покажа новиот автомобил

Ѓорѓе Давид, популарниот рокер, неодамна излезе во јавноста по страшната несреќа што се случи во Северна Македонија, каде усмрти жена.
Мојата психичка состојба е таква што мислам дека сум најсилен од својата генерација, но ова ме скрши како шкорче. Со оваа траума ќе се борам, но ќе се обидам да се изборам“, зборуваше во своето обраќање познатиот музичар.

Тој ги изнесе сите детали од трагедијата, а сега повторно проговори и призна дека се сретнал и со сопругoт на несреќната жена која го загуби животот.
-Разговорот што го водевме беше крајно, нормален, крајно човечки, крајно татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум татко на женско дете и тоа е нешто.
За мене беше многу важно да симнам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека тој сака да ја слушне приказната од човекот кој седеше зад воланот – изјави Ѓорѓе Давид.

Рокерот се појави на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Сепак не беше расположен за муабет со медиумите, па додека телефонирал ги поздравил сите собрани само со глава.
Не можеше да не се забележи дека рокерот купил нов автомобил од иста марка како и претходниот во кој излетал во сообраќајна несреќа.
Ѓорѓе неодамна гостуваше во една емисија каде откри дека мисли дека автомобилот што го возел е најбезбеден на пазарот и дека го спасил од сигурна смрт, а потоа признал дека успеал да стапи во контакт со сопругот на жената што загина.

Да потсетиме, Ѓорѓе Давид учествуваше во сообраќајна несреќа во која загина жена. Тој со денови не можеше да се врати во својата земја додека траела постапката и се истражувале околностите на несреќата.




