Последната објава на младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ – ќе ви се НАСОЛЗАТ очите, за три дена требаше да наполни 25 години!
Младиот пејач видеото го објави во ноември минатата година
Сите бевме во шок, не верувавме додека не добивме соопштение од брзата помош дека тоа навистина се случи. Никој не можеше да претпостави што би можело него да го наведе да го направи тоа. Беше среќен, нормален и исполнет дечко. Велат дека истрагата е во тек, дека си го одземал животот во тој стан во кој живееше со таа девојка. Ништо официјално не се знае до детали, луѓето нагодуваат“ – раскажа неговата колешка Кристиња за медиумите.
Момир е роден во Бања Лука, а живееше во Подгорица. Тој за три дена, на 25 април, требаше да наполни 25 години. Оваа трагедија го вознемири целиот регион. Неговиот последен телевизиски настап беше во „Ѕвездите на Гранд“ при крај на јануари, кога ги воодушеви сите.
„Момир, имаш многу убава насмевка и се гледа дека си опушен и релаксиран. Дури во втората половина од втората песна покажа што знаеш. Да, ти си буцко, јадеш тесто и благо, но замисли каков фраер ќе бидеш ако ослабнеш уште 15-20 килограми. Мислам дека пред тебе е голема иднина, имаш прекрасна емоција“, му кажа Карлеуша на Момир по неговиот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“.
Откако тажната вест беше објавена во медиумите, многу негови пријатели и колеги со емотивни зборови се збогуваа од него на социјалните мрежи.
„Сонце мое, што направи од себе?! Горда сум што те познавав, што беше мој другар, колега и пријател и брат, прерано не напушти. Но никогаш нема да заминеш во заборав! Душата да ти е мирна, добри мој Мока, срцето ме боли“, објави на Инстаграм пејачката Цеца Булатовиќ.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд