Посебен ден за македонската водителка: Голема радост за семејството – соопшти прекрасна вест
Честитки пристигнуваат од сите страни, посебен ден за некогашната водителка на „Бекстејџ“.
Многу балони, голема торта и декорации во сина боја, се во чест на една личност.
Водителката Марија Петровска скоро 8 години живее и работи во Словенија.
ФОТО: Инстаграм / Марија Петровска
Иако имаше успешна кариера во земјава, во име на љубовта, Марија замина од нашата земја.
Марија беше една од првите водителки на „Бекстејџ“, а откако се пресели во Словенија, веќе не е дел од медиумскиот свет, но често во своите објави на социјалните мрежи знае да се потсети на времето кога беше меѓу популарните македонски водителки.
Дури и откако соопшти дека е бремена, нејзините колеги направија уникатен подарок за бебето, лигавче и боди на кое пишува „Добредојде во Бекстејџ семејството“.
ФОТО: Инстаграм / Марија Петровска
Таа и нејзиниот сопруг Михаел Паза годинава станаа родители.
Марија на свет го донесе нивниот син Домен.
На својот Инстаграм профил Марија деновиве сподели фотографии од крштевката на својот син.
ФОТО: Инстаграм / Марија Петровска
Водителката се потрудила за секој детаљ и сѐ беше украсено совршено.
Балони, голема торта и декораии во сина боја за крштевката на малиот Домен.
„Прав посебен ден“, напиша Марија во опис на фотографиите.