Посветен татко и сопруг: Тој ѝ е најголемата љубов на Ребека – од овој потег сите беа воодушевени
Пејачката јавно му го честиташе роденденот на својот сакан и објави семејни фотографии, кои досега ги немала објавено.
На нивната љубов секој ќе позавиди.
Пејчката Ребека Јанковска Ристески повеќе од деценија е во брак со докторот Милан Ристески.
ФОТО: Фејсбук / Ребеа Јанковска Ристески
Милан инаку работи како менаџер на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје. Како специјалист работи 11 години, како вработен од 2002, значи зад себе има скоро 20 години завидна кариера.
Ребека и Мики се долги години во брак и заедно успешно ги надминуваат сите препреки кои им ги дава животот.
ФОТО: Фејсбук / Ребеа Јанковска Ристески
Плод на нивната љубов се нивните три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.
Во едно свое телевизиско интервју тој откри дека пред бракот, со Ребека имале турбулентна врска.
ФОТО: Фејсбук / Ребеа Јанковска Ристески
„Жена ми многу ми раскинуваше. Еднаш 9 месеци, па еднаш 6 месеци, па три пати по 2 месеци, па 5 пати по месец, па 10 пати по 15 дена. Многу бев тажен“, кажа докторот.
И двајцата се борбени и упорни и тому затоа успеваат во остварување на зацртаните цели.
ФОТО: Фејсбук / Ребеа Јанковска Ристески
По повод роденденот на докторот, Ребека сподели досега необјавени фотографии, а во опис напиша:
„Да си ни жив и здрав. Среќен Роденден! Те сакаме“.