Војвотката Меган Маркл е во третиот триместар од бременоста, и покрај овој факт таа без никакви изговори ги завршува своите работни обврски.
Таа сите присутни посетители во Природнонаучниот музеј во Лондон ги остави без здив кога се појави во бел капут и фустан со кој гордо го покажа својот стомак кој од ден на ден се повеќе се зголемува.
Војвотката на Сасекс, моментално е во 31 недела од бременоста. Таа има уште девет недели до пораѓајот. Во оваа фаза на бременост, бебето започнува брзо да се зголемува.
Како што расте, така се повеќе му треба простор. Во овој период бебето се спушта со главата надолу.
Идната мајка сега може да ја почувствува сета болка во долниот дел на грбот и колковите. Имено, хормоните ги релаксираат лигаментите, а коските на карлицата се шират заради пораѓајот.
Бебето, исто така, има зголемен притисок врз мочниот меур, така што е можно Меган Маркл сега почесто да мокри.
И покрај сите овие проблеми во бременоста, кралската двојка наскоро треба да отпатува во Мароко.