Пораснаа ќеркичките на шеф Никола- погледнете која од нив повеќе наликува на тато, а која на мама
Еден од најпознатите готвачи во земјава ги покажа своите ќеркички.
Се чини дека во Македонија нема човек кој не го знае шеф Никола од познатото кулинарско шоу кое секој работен ден го гледаме на ТВ Сител.
Двајцата професионални готвачи Никола и Марк секојдневно приготвуваат едноставни и брзи јадења и сето тоа го прават за само 20 минути со намирници кои и носат натпреварувачите, додека пак публиката со нетрпение очекува да види што ќе приготват врвните шефови.
Не само на професионален план, шеф Никола и приватно е посветен сопруг и татко.
Никола Мишковски е неколку години во брак со неговата преубава сопруга Стефанија со која има две ќерки.
Па иако приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, неретко ги покажува своите две прекрасни ќерки Стефанија и Калиа.
Овојпат фотографиите ги објави неговата сопруга Стефанија, а тој ги сподели и на својот Инстаграм профил.
Гордиот татко ги покажа преслатките девојчиња кои налик на ангели позираа покрај елката.
Она што е евидентно е дека постарата ќеркичка повеќе наликува на мама Стефанија, додека пак помалата е иста како тато Никола.
Сепак погледнете и самите пресудете.
Во секој случај и двете имаат од кого да наследат добри гени.
Инаку Никола од првиот брак го има синот Дарин, а во едно интервју зборуваше за тоа како се одлучиле за уште едно дете со Стефанија.
– Никогаш не знаеш каде ќе те однесат животните патишта. Кратко се познававме пред да ни се случи љубовта. Уште од првите мигови кога решивме да преминеме во нешто повеќе од пријатели, знаевме дека можеме да бидеме силна поддршка еден на друг. Нашата приказна е спонтана и брза. За кус временски период заедно поминавме низ многу моменти, патувања, свадбена забава и дете. И благодарение на пандемијата која ни овозможи повеќе време дома со семејството, се решивме и за второ дете, кажа Никола.